Тренд аларм: Црно фустанче за шик матура!

16 мај 2016

Во екот на матурите, ви предлагаме совршена комбинација составена од неколку парчиња што единствено ви се потребни за настанот што долго време го чекавте.

Малиот црн фустан е секогаш вистински избор кога станува збор за значајни настани, па без размислување одберете еден таков за вашата матура.

Комбинирајте го со хит ланчето за оваа сезона, овој пат украсено со златни додатоци за уште погламурозен изглед.

Што се однесува до модните додатоци, одберете и впечатлива црна чантичка со хит реси и едноставни, но стилски сандали како совршено заокружување на комбинацијата.

Она што е особено значајно е да одберете и едноставна шминка и фризура со која ќе блеснете на вашата матура!

Комбинација: Fashion Group

Фустан: Fashion & Friends

Чевли: Bata

Чанта, ланче: Parfois

Модел: Мартина Пенева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Салон Infinito Skopje

Објавено:
16 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
866 пати