Тренд аларм: Џинс комбинезон во духот на 70-те
•
2 април 2018
Сегменти од ретро духот на 70-те години секогаш, во различно издание, се присутни во сезонските тенденции. Некогаш доминираат, а некогаш суптилно се „проткајуваат" низ актуелните тренови.
Но, нивното присуство е речиси без исклучок.
Инспирирани од оваа возбудлива декада, за денеска одбравме Тренд аларм – модернизирана верзија на популарните џинс комбинезони, инаку моден хит во хипи ерата.
Ги комбиниравме со ретро очила, алки во разигран колорит и чевли во изразена портокалова боја.
Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group (Манго – комбинезон, чевли, Parfois – очила, алки)
Модел: Елена Ѓорговска (Модна агенција Моделс ИН)
Шминка и фризура: Елена Лука