Тренд аларм: Елегантна деловна комбинација во жолти нијанси
•
21 март 2018
Освежете го вашиот деловен изглед и додајте му парчиња во жолти нијанси. Една од најактуелните бои сезонава, беше нашата појдовна инспирација за нашиот денешен Тренд аларм.
Направивме една комплетна комбинација од Манго која вклучува интересен капут со миди должина во изразена жолта боја, а во истиот тон се и модните додатоци: елегантните чевли и мини чантата со кратка рачка.
Уште еден впечатлив момент во овој аутфит е и романтичната кошула со ситен принт и со можност за врзување панделка околу врат, а е комбинирана со тесни бели панталони со должина под колената.
Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group (Манго)
Модел: Елена Ѓорговска (Модна агенција Моделс ИН)
Шминка и фризура: Елена Лука