Тренд аларм: фустан на преклоп со цветен принт + виолетова мото јакна

30 април 2018

Флората и фауната речиси секоја сезона се присутни во актуелните трендови, најчесто преку изборот на разиграни принтови или апликации.

Овие пролет и лето, цветниот принт е аплициран на нашите омилени романтични фустани, широки панталони и лежерни блејзери.

Во изборот за денешниот Тренд аларм, одбравме варијанта на миди фустан на преклоп со цветен принт, а го комбиниравме со исто толку популарната кратка, мото јакна во изразено виолетова боја.

Овој аутфит доби дополнителна елегантна нота со изборот на кломпи со отворени прсти, што лесно може да се вклопат во секоја варијанта и во сечиј стил.


Комбинација: Fashion group (Манго)
Стајлинг: Fashionel
Модел: Елена Ѓорговска, Модна агенција „Моделс Ин"
Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
30 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
902 пати
Тагови: 
тренд аларм