Летните лежерни фустанчиња станаа наша опсесија во летниот период, благодарение на нивната удобност и фантастичните материјали од кои се изработени.
Денеска ве инспирираме со едно такво, во карирана варијанта, изработено од лен како еден од омилените материјали во лето.
Фустанчето е во нежна бела боја со карирани детали во крем нијанса, а целото внимание дефинитивно е свртено кон грбот кој е неодолив.
Имено, во задниот дел од фустанчето испреплетени се по две прерамки што го прават да изгледа уште пошармантно и привлечно.
Истото го надополнивме со сандали со животински принт на мала потпетица плетена со коноп како еден од омилените детали летово.
Со оглед на времето, она што секојдневно ни е потребно се очилата за сонце, па во согласност со ова супер летно парче, ви предлагаме и соодветни стилски очила во кафена нијанса.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Фустан, сандали: Mango
Очила за сонце: Parfois
Модел: Ирина Јонческа
Модна агенција: Моделс Ин
Фризура и шминка: Елена Лука
Локација: Старо Буре, Кучково