Тренд аларм: Неодолива есенска комбинација украсена со стилска шапка

15 ноември 2016

Што е есента без совршената стилска шапка? Токму таква ви предлагаме денеска надополнета со модерна комбинација која знаеме дека ќе ја обожувате.

Едноставните темни фармерки се дефинитивно must have во оваа студена сезона, додека пак нежните блузички и џемперчињата во есенски бои се нешто што исто така мора да го имате во вашиот плакар.

Комбинацијата на темните фармерки со нежната кошулка од тантела со висока јака и ова тренди џемперче во пруги во неколку магични бои е сѐ што ви треба оваа сезона.

Целиот акцент е ставен на оваа стилска шапка во кафена нијанса која е совршен сојузник на чантата што денеска ви ја предлагаме.

Станува збор за најверојатно една од најубавите чанти што сте ја виделе во последно време, бидејќи истовремено е доволно голема да ви собере сѐ што е потребно, направена е од прекрасен материјал во уште поубави бои и има долго ремче кое може да го поправате зависно од пригодата.

Комбинација: Fashion Group

Кошулка, џемпер, фармерки: Springfield

Шапка, чанта: Parfois

Модел: Марго Бојаџиева, Моделс Ин

Шминка: Елена Андовска

Објавено:
15 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
919 пати