Сè уште се во тек пролетните забави за кои обожаваме да се дотеруваме, а денеска ви предлагаме една супер комбинација за бројни пригоди.
Веќе знаете дека женските костими се must have оваа сезона, па решивме да ви понудиме токму таков кој знаеме дека ќе го обожавате.
Овој пат станува збор за шармантно розово палто во комбинација со широки лежерни панталони со пруги кои се совршен избор за топлите денови.
Комбинацијата украсете ја со овие уникатни влечки со реси во темно црвена боја како едни од најпопуларните и најпосакувани за летово.
Секако, очилата за сонце се задолжителни за сончевите денови, а што се однесува до шминката, секогаш сме обожаватели на природното и нагласените усни.
Комбинација: Fashion group (Манго, Parfois)
Стајлинг: Fashionel
Модел: Миа Мојсовска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука