Есен во земјени тонови е најпрепознатливата слика за оваа сезона од годината. А истата се отсликува и во моден контекст.
Но, карактеристичните земјени тонови по дифолт не значат и досадни модни комбинации, туку напротив со таквиот колоритен тон може да направите фантастични стилски целини.
А токму еден таков, атрактивен есенски изглед ви предлагаме денеска.
Направивме слоевита комбинација во земјени тонови со парчиња од Манго, а изгледот го надополнивме со кружни обетки од Parfois.
Особен акцент е ставен на макси капутот во впечатлива портокалова нијанса, а е комбиниран со класична ролка во беж нијанса и мини здолниште со кариран дезен.
Ве охрабруваме да експериментирате со спојот на принтови и оваа есен, па во таа насока изгледот го надополнивме со чизми до глужд во змиски принт.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Облека и чизми: Mango
Обетки: Parfois
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Мања Блажевски
Модна агенција: Моделс Ин
Локација: Градинарски центар Фоја