Тренд аларм: Совршениот фустан за прослава на есен

13 октомври 2015

Иако есента е во полн ек, тоа воопшто не влијаеше врз сезоната на свадби и разни прослави. Доколку ви претстои една викендов, ние ја имаме совршената комбинација за вас.

Искористете ги прекрасните есенски денови да внесете малку свежина до ова прекрасно цветно фустанче со фалти. Должината е вистински хит оваа сезона, а можете да го комбинирате со различни јакнички или есенски палта.

Што се однесува до чевлите, го носиме со високи потпетици во темно црвена боја што одлично ќе се соедини со боите на есента. Како и секогаш, ние сме љубители на минималната шминка, па така сезонава одлучете се за едноставна линија совршен туш и нежна нијанса кармин што ќе ја истакне вашата убавина.

Комбинација: Fashion Group

Фустан: Mango

Чевли: Bata

Шминка и фризура: Елена Лука

Модел: Сара Цветанова

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
13 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.118 пати