Во неколку наврати веќе пишувавме дека карираниот дезен и оваа сезона е огромен хит, па колку и да не ви се допаѓа, мора да признаете дека изгледа одлично!
Оваа есен обидете се да експериментирате, бидете храбри и носете повеќе принтови одеднаш како што денеска ви предлагаме.
Карираната кошула со панталони со висок струк во ист принт се дефинитивно една од најженствените комбинации што можете да си ги замислите, а доколку истите се комбинирани со ваков стилски и впечатлив капут, тогаш имате полн погодок.
Оваа комбинација ние ја надополнивме со кожени чизми во темно црвена боја и чанта во иста нијанса кои се совршен пар на и онака прекрасните парчиња.
За есента да биде уште постилска, одберете и некоја тренди шапка кои повторно се хит низ продавниците, а доколку минатата сезона не ја одбравте омилената, сега е време за тоа.
Уживајте во прекрасните есенски денови кои се постилски во карирано!
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Кошула, панталони, капут, чизми, чанта: Mango
Стајлинг: Fashionel
Модел: Миа Симоновска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука