Комбинирањето облека никогаш не е полесно и побрзо во лето. Секоја топла сезона со себе носи и нови трендови, а ретко на оние што ни прилегаат можеме да останеме рамнодушни. Трендот за носење на парчиња облека со гол грб е присутен секое лето, но и секое следно трендовите се горе доли истите, но со блага доза на модификација. За ова лето 2014-то, светските реномирани и комерцијални етикети не пропуштија да ни понудат од колекциите за оваа сезона токму вакви парчиња со гол грб, но во асиметрични пресеци, прекршени форми, такви од кои се гледа повеќе или ѕирка помалку кожа.
Jason Wu
Креативните дизајнерски идеи на парчиња со гол грб ќе ги сретнете кај маички, кошули, фустани, комбинезони, секое со различен пристап од кројот. Сигурно е дека комбинациите од ваквите парчиња се сексапилни и провокативни, а несомнено е дека ги обожаваат и мажите. Погледнете неколку вакви модели презентирани на писта од пролет-лето колекциите за 2014 година.