Тренд: Карирани блејзери и како ќе ги комбинираме оваа пролет

24 март 2022

Мултифункционално модно парче кое лесно се комбинира во различни изданија и токму поради тоа останува актуелно независно од тенденциите – секогаш омилениот блејзер.

Покрај предимензионираните блејзери во неутрални тонови и такви во смели и силни бои, оваа пролет меѓу најпопуларните модели се враќаат карираните, но и оние со пократка должина.

Одлично парче кое важи за базично во деловниот стил, но ако го споите со впечатлив накит или пак чанта во интензивна боја, блејзерот добива нова стилска димензија.

Поеднакво е атрактивен и во вечерниот изглед, па карираниот блејзер може да го облечете врз слип фустан или да го комбинирате со мини здолниште и високи потпетици.

Во дневна варијанта пак, уличната мода ќе ви послужи како супер инспирација: блејзер се носи дури и со дуксер и тренерки, со џинс или со панталони со висок струк...

Ние ќе ве мотивираме и ќе ви дадеме идеја плус како оваа пролет да носите кариран блејзер, но сепак останува на вас како ќе го адаптирате на вашиот стил.

Објавено:
24 март 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.933 пати