Тренд: Пиратски изглед на плажа
•
25 јули 2013
Иако плажата е место за опуштање, сепак сите сакаме да изгледаме беспрекорно. На модната недела во Мајами беа претставени разни стилови на костими на капење, меѓу кои и пиратскиот. Врвки, костими за капење како корсети, големи шапки, и марами на глава, како и специфичен накит, сето тоа беше застапено.
Ако сте љубител на необичен и уникатен стил, погледнете ја галеријата и бидете најзгодниот и најмодерниот пират на плажа за ова лето.