Позитивното расположение кое се „наметнува" со доаѓањето на пролетта и пролетното сонце, одразете го и преку изборот на палетата бои во вашиот аутфит со што сигурно ќе придонесете и за ширење на позитивните вибрации во вашето опкружување.
Една од првите асоцијации за убавото, весело и пролетно расположение е и интензивниот колорит што доминира во пролетниот гардеробер, а особено место оваа сезона направете за зелената боја.
Светските дизајнерски имиња ја предложија зелената како една од најтрендовските бои за оваа сезона, па ја имплементираа во своите пролет-лето колекции во различни варијанти. Некои направија колор-блок комбинации на зелената со другите популарно бои за оваа пролет, а видовме и монохорматски аутфити исклучително во зелена боја, додека пак кај некои модни куќи, во зелено беа обоени аксесоарите.
Освежете го пролетниот имиџ со колоритни комбинации, а еве инспирација и како да го направите тоа.