Тренд што не можеме да го игнорираме: Мини топ + макси здолниште

25 мај 2022

Мини и макси – две крајности споени во еден тренд ова лето.

Комбинацијата од мини топ и макси здолниште е атрактивен моден избор за ова лето и чест спој во летните колекции на влијателните дизајнерски брендови како Пако Рабан и Баленсијага на пример.

Пако Рабан

Особено овој микс на мини и макси ќе го сретнете во уличната мода, каде е и најдоминантен со својата ноншалантна и забавна естетика.

Интересно е што комбинацијата добива различни варијации во однос на материјалите и техниките во кои е изработена, како што се плетенините или плисираните парчиња, а со тоа дозволува и различен впечаток соодветен за различни пригоди.

Ако се интерпретираат во свечено издание, тогаш краткиот топ може да добие волуменозни ракави, асиметричен крој или скулптирална форма со доза на драматичност.

Во низата опции, е и онаа каде и горниот дел и здолништето се со ист дезен: флорален, во пруги или принто со точки.

Ние направивме избор од сите претходно посочени опции, што веруваме дека е доволно да се инспирирате како оваа тенденција да ја адаптирате на вашиот имиџ.

Објавено:
25 мај 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.927 пати