Тренди парчиња што ќе ве вратат во ’90-тите

10 април 2014

Дел од дизајнерските имиња и брендови одлучија за веќе актуелната пролетна сезона да се навратат на основните модни постулати што беа популарни во ’90 години. Rag & Bone, Карвен и Александар Ванг, во своите пролетни линии прикажаа една интересна ода на ’90-тите, бранувајќи го модниот барометар од минимализам кон еклектизам.

Најголемата инспирација за ваквото преродбено навраќање кон старите добри ’90-ти е тинејџ серијата „Беверли Хилс, 90210“. Кратките и долгите фустани кои ја следат линијата на телото и лелеаво паѓаат по должината на силуетата, најчесто во бохо стил комбинирани со маичка, сандали и мала поштарска чантичка за преку рамо, заедно со џинс комбинезоните се модели што во целост го отсликуваат периодот на ’90-тите.  Станува збор за неверојатно удобни, модерни и тренди парчиња кои што совршено ќе се вклопат во вашето опуштено но и работно секојдневие.

Ова модно навраќање не се јавува како резултат на недостаток од идеи, туку поради носталгичната нота и универзалноста на креациите за кои што слободно можеме да кажеме дека се безвременски.

Објавено:
10 април 2014
Категорија: 
Тренд