Три бои како создадени за русокосите

24 декември 2018

На секого не секоја боја му прилега. Модните стручњаци велат дека тоа зависи од тонот на нашиот тен, но и од бојата на коса.

Според направени анализи, а врз основа на модните избори на познатите личности, се доаѓа до заклучок дека постојат бои што на русокосите дами повеќе им прилегаат отколку на бринетите.

Ние во продолжение ќе ви откриеме три, па ако сте русокоса, а уште го немате дефинирано вашиот празничен изглед, можеби ќе ви помогнеме со изборот на боја:

 

Кобалт сина

Оваа нијанса на кралско сина оваа година доминира на црвениот килим, па оттаму и нашата инспирација за тоа како русокосите можат да ја носат. Совршена е за овој период од годината кој изобилува со свечености, односно е одличен избор секогаш кога сакате ефектен и елегантен изглед.

 

Смарагдно зелена

Уште една луксузна боја, совршена кога сакате да прикажете префинетост и стил. Смарагдно зелената привлекува внимание, што е уште една од причините да ја одберете. Инаку, се верува дека зелената боја симболизира хармонија, свежина, сигурност, па доколку тоа што го носите сакате да го поврзете со некоја симболика, еве шанса.

 

Црвена

Црвената асоцира на радост, а е и вистински магнет за погледи. На русокосите им стои повпечатливо токму подари светлата нијанса на коса.

 

Објавено:
24 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
527 пати
Тагови: 
бои русокоси
Извор: 
tportal.hr