Трудница на свечен настан

31 август 2013

Бременоста кај секоја жена е период кој создава одредени промени во секојдневните навики.  Во однос на стилот, оваа состојба никако не треба да значи хендикеп, напротив уживање во секој момент. Наместо да си создавате главоболки за тоа како да се облечете за некоја посебна прилика,  применете ги следниве совети кои ќе ви помогнат да го споите гламурот со практичноста.

Прво правило е да не ги следите трендовите без никаков концепт, туку приоритет да и отстапите на културата во облекувањето на која за жал се помалку се внимава. Пред се треба да се почитувате себе и да избирате во сооднос со вашата состојба и расположение.

Она што со сигурност не смеете да си го дозволите, е да одберете тесен фустан во кој нема да се чувствувате опуштено, а ако не сте расположени тоа автоматски се одрзаува и на вашиот впечаток пред другите.

Размислувајте за тоа дека вашето тело се менува, имате нови облини, а тоа бара и да ја промените досегашната пракса во облекувањето. Ако досега за свечен настан сте одбирале тесен коктел фустан, па дури и по неколку броја потесен во однос на вашата фигура, сега треба да размислите за една поопуштена варијанта што не значи дека сексапилот ќе дојде во тој случај во втор план.

Друго значајно правило при изборот на соодветна облека, е да го испочитувате домаќинот или организаторот на настанот. Независно дали се работи за ручек, коктел или гала премиера, синхронизирајте го изгледот со амбиентот. Бременоста не би требало да биде изговор за несоодветен аутфит.

 

Како ќе знаете дека сте го направиле вистинскиот избор?

-се чувствувате удобно, што значи слободно и без проблем се движите

-задоволни сте од сопствениот изглед

-сте го задржале печатот на личниот стил, а сепак прилагоден на вашата нова состојба

 

 

 

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Тренд