Удобно лето во канцеларија: Ленено одело + кошула

26 јуни 2023

Предизвикот наречен деловен стил во лето, може да го надминете на едноставен начин: со избор на деловни парчиња изработени од лен.

Природен материјал кој ѝ дозволува на кожата да „дише", е приоритет кога сакаме истовремено да ни биде пријатно на високите летни температури, а притоа да не ја исклучиме и деловната естетика.
Еден изглед што ги спојува и пријатното чувство и естетиката, е токму комбинацијата на дводелно ленено одело со кошула.

Кроевите може да варираат, од такви со поизразена силута до полежерни линии, а комбинацијата „трпи" и ефективни модни додатоци за поелегантен изглед, како брошеви, парами или суптилен накит.

Фото: Пинтерест

 

 

Објавено:
26 јуни 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
801 пати