Улична, џинс мода
•
11 април 2023
Џинсот е еден од оние материјали што го носиме и ќе го носиме секогаш кога приликата дозволува.
Безвременско кул парче облека што доаѓа во најразлични форми, тексас јакна, фармерки, здолништа, мантили, кошули па дури и шапки...
Го носиме во секое годишно време, во дневна но и вечерна варијатна. Покрај класичната сина боја во разни нијанси, го има и во останатите тонови од розова и зелена, до окер и виолетова.
Џинсот е вечна класика што сакаме да ја носиме.
Фото :Pinterest