Вака носиме тантела и во зима...

16 јануари 2019

Препуштете ѝ се на имагинацијата и дозволете ѝ на вашата романтична страна да дојде до израз оваа зима. Ако обожувате тантела, тогаш ниските температури нека не бидат изговор, туку напротив искористете ја идеалната прилика за слоевити комбинации и вметнете ја тантелата во некој од вашите уникатни зимски аутфити.

Еклектичниот спој на различни дезени и материјали секогаш ќе ја потенцира вашата индивидуалност, затоа не плашете се да направите експеримент во кој ќе вклучите необична комбинација со тантела.

Облечете макси тантелен фустан врз тесен црн џинс за вашата следна дружба со пријателите или пак „пенсил" здолништето од тантела комбинирајте го со широка плетена блуза.

За свечена прилика секогаш може да одберете кошула од тантела или женствен миди фустан врз кој ќе облечете блејзер.

Варијантите се бројни, а доколку барате инспирација како да комбинирате тантела оваа зима, ве инспирираме во галеријата во продолжение.

 

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.647 пати
Тагови: 
тантела