Везените апликации во сите варијанти се ултимативен хит
•
22 февруари 2017
Влијанието на модните гиганти како што се Гучи и Долче и Габана секогаш е видливо преку трендовите што тие ги наметнуваат на ниво на глобалната модна сцена.
Многу често во нивните колекции може да видиме парчиња и модни додатоци со богати везови преку кои дури и стануваат препознатливи нивните сезонски линии, а неретко ги следат и познатите „high street" брендови што креираат парчиња достапни за пошироката популација.
Така и оваа пролетна сезона, везените апликации ќе бидат ултимативен моден хит што ќе се имплементира во различни варијанти.
Фустани од тул со везени апликации
Палта и јакни со везени детали
Декоративни везови
Модни додатоци украсени со везови