Викенд инспирација - плетени фустани
•
18 ноември 2023
Студените денови се веќе тука, а што подобро може да нè стопли од плетенините. Џемпер, шал, капа, ракавици и фустани кои ни се омилени во зимската сезона.
Комфор, топлина и елеганција во исто време е токму тоа што ни треба кога температурите ќе паднат.
Плетените фустани се прекрасно парче облека и можат да се комбинираат со секакви јакни, капути, кошули, хеланки и модни додатоци според желбите.
Патики, рамни чизми или елегантни модели на потпетица, како и класични чевли се добредојдени за комбинација со плетените фустани.
Беж тоновите се најчесто прв избор, но ги имаме и сивите, црните, окер и оние во повеќе нијанси.
Во продолжение нашата викенд инспирација...
Фото: Pinterest