Тркалото на модата постојано се врти, со тоа трендовите се враќаат и надоградуваат. Во тој контекст, во продолжение ќе ве потсетиме на некои од најголемите летни трендови низ годините кои се вратија на голема врата и сѐ едни од најактуелните во оваа 2016 година. Винтиџот е ин!
1920-ти – Наметка
Лените наметки денес ги носат Кендал Џенер, Криси Тиген, Ким Кардашијан и многу други актуелни ѕвезди, а некогаш беа едно од задолжителните парчиња на дамите од 1920-тите кога оделе на плажа.
1920-ти- Висок струк
Кога и да се двоумите, шорцевите и панталончињата со висок струк се секогаш брз и добар избор за летна комбинација.
1930-ти – Бикини
Ретро костимите за капење со долен дел со висок струк се едни од најактуелните. Во комбинација со голем шешир – добитна комбинација. Оние пак со интензивни бои беа актуелни во 1940-тите.
1930-ти – Принтови
Жените во 1930-тите ги имаа најубавите фустани со цветен или било кој друг впечатлив фустан. А и самите ќе признаете дека и ние денеска ги обожуваме, особено во летниот период.
1940-ти – Широки панталони
Без оглед дали се работи за дневна или вечерна комбинација за на плажа, панталони со широки ногавици е нешто што несомнено треба да го имате.
1940-ти – Кошули на врзување
Вакви се носеа и во 1990-тите, а всушност сѐ почнува од 1940-тите. Дури и „Шанел“ имаше вакви во своите колекции. Сега повторно се „ин“ на модната сцена.
1940-ти Летниот „нов“ изглед
„Новиот изглед“ на „Диор“ од 1947 година беше пресликан и во летните трендови и силуети. Овој летен гламур е привлечен и денес.
1950-ти – Срцевиден израз
Во 1950-тите вистински хит беше срцевидното деколте. Во комбинација со лелеаво здолниште, оваа комбинација (или фустаните од ваков тип) беше едно од најпосакувате. Сите посакуваа да имаат тенок струк и изразено деколте како Софија Лорен. Тој стремеж остана актуелен и години подоцна.
1950-ти – Исончан тен
„Мачкести“ очила за сонце+ марама врзана за глава во стилот на пин-ап девојките = совршени модни додатоци за плажа и секако квалитетно исончаниот тен, во стилот на Грејс Кели во „To Catch a Thief“.
1960-ти – Мини здолниште
Манијата за мини-здолништата започна во оваа декада и не престана никогаш. Лето без мини-здолниште манија? Нема шанси!
1960-ти – Плетенини
За кул изглед за време на летниот одмор вистински избор се плетенините. Ги носеше Твиги во 1960-тите, а во последните години се сѐ поактуелни и меѓу новите генерации.
1960-ти – Впечатливи модни додатоци
Ако сакате да изгледате како Брижит Бардо на плажа некогаш, потребен ви е шешир со широк обод, впечатлив, па дури и масивен ѓердан, триаголник-бикини и цветна марама.
1960-ти – Топ од тантела
Краток топ од тантела е идеален за летните денови. А Џејн Биркин уште во 1969 година од кога датира фотографијата, знаеше одлично да го носи тоа.
1970-ти - Сандали на платформа
Не постои нешто на фотографијава што не би го спакувале за на нашиот одмор летово.
1970-ти - „Голиот“ костим за капење
Бондовата девојка, Бо Дерек го направи овој костим за капење безвременски! Едноделниот костим за капење може да биде тотално секси, а ова е доказ за тоа.
1970-ти - Ѕвонести ракави
Оваа декада е една од најинспиративната за денешните дизајнери, при создавање на последните колекции, па оттаму не е изненадување што ѕвонарките и ѕвонестите ракави повторно се нешто што често ќе го гледаме низ улиците ширум светот.
1970-ти – Диско изглед
Металик сјај, одличен некогаш – одличен и денес! Ако сакате да бидете диско кралица, несомнено инспирирајте се од изгледот на Бјанка Џегер, Дајана Рос и Дајан фон Фурстенберг.
1980-тите – Украсени бомбер јакни
„Гучи“ ги создаде едни од најпосакуваните за оваа сезона, а всушност бомбер јакната беше предмет на посакување и во 1980-тите, кога Мадона се појави во остварувањето „Desperately Seeking Susan“.
1980-ти - Разголени раменици
-Широки маици или блузи, со разголени раменици. Честа појава на социјалните мрежи денеска.
1990-ти – тесни ѓердани
Моден додаток што ги одбележа 1990-тите. Го посакувавме бидејќи го носеа сите од девојките од „Спајс Грлс“ до принцезата Дајана. Уличните брендови повторно го популаризираа, па оние што се сеќаваат на 1990-тите со радост му се навратија, а новите генерации брзо го прифатија.
1990-ти - „Голиот“ фустан е новиот црн
Оваа ретроспектива не може да помине без да се спомене „Сексот и градот“. Сите се сеќавате на „слип“ фустанот на Кери Бредшо во беж нијанса, што денес е еден од must-have парчињата, особено во летниот период. Црниот „мал“ фустан никогаш нема да излезе од мода, но за сега можете да го „одморите“!