Иако времето сè уште не е толку студено за вакви дебели џемпери, време е да се подготвиме за ниските температури кои ќе дојдат многу брзо.

Ниту една студена сезона не поминува без нашите омилени џемпери, а оваа година ги носиме во широки варијанти, разни плетки и со безброј детали.

Популарните high street брендови веќе имаат голема понуда на вакви модели џемпери, па веројатно и вие ќе го најдете вашиот фаворит.

Овие се едни од омилените парчиња бидејќи се супер лесни за комбинирање, може да ги носите со пенкало – здолниште, со широки или тесни фармерки, со елегантни панталони за на работа, со чизми, високи потпетици и што уште не.

Бидете храбри и комбинирајте ги со плисирано здолниште, свилен фустан, јакни од разни материјали и изгледајте шик во текот на целата сезона.

Одберете ја вашата омилена плетка и модел и топлете се во студените есенски денови кои ги очекуваме многу наскоро.

 

Објавено:
9 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.136 пати