Кој би рекол дека подзаборавената уметност на гоблените ќе се најде на облеката на денешните модни инфлуенсерки.
Корсети и мини здолништа што неодоливо потсетуваат на бабините гоблени што ги гледавме закачени по ѕидовите.
Романтичните сцени од 18-от век се пресликани на овие парчиња облека, а младите инстаграмџики го присвојуваат овој старо-нов тренд.
Зад дизајнот на уникатните корсети и здолништа што ја преплавија социјалната мрежа стои младата дизајнерка Кристин Малисон од Бруклин.
Нејзините креации веќе ги носат Лила Грејс, ќерката на Кејт Мос, Мили Боби Браун и Марго Роби, а на нив се приклучуваат и низа кул девојки од Азија.
Ниеден дизајн не е сличен со другиот од причина што секој од нив се изработува рачно. Парчињата се најчесто спој на различни ткаенини и плетки и се изработуваат по нарачкна.
Кристин моментално студира на Институтот за уметност Прат во Бруклин, а во своите корсети најчесто пресликува жени од минатото што носат корсет, создавајќи ефект што потсетува на филмот Inseption.
Многумина се согласуваат дека младата дизајнерка црпи инспирација од работата на Вивиен Вествуд - облека што потсетува на уметност која што може да се носи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram