За играчите на сигурно - сите нијанси на беж
•
31 мај 2023
Беж бојата, заедно со црната и белата е најчест избор за оние што сакаат да играат на сигурно и ја обожаваат минималистичката естетика.
Оваа нијанса од секогаш била поим за елеганција и софистицираност, а многу брендови го имаат изградено и својот визуелен идентитет на различни нијанси на беж боја.
Со оглед на тоа што летото е сезона на прослави и свечени случувања беж бојата е секогаш полн погодок.
Можат да се комбинираат со црна, бела или пак да составите аутфит од различни нијанси на беж.
Фустани, панталони, кратки или долги, маички и кошули во секаква варијанта, изборот е голем...
Фото:Pinterest