Доколку немате инспирација со што да ги комбинирате омилените маички на куси ракави оваа пролет, здолништата со шлиц се нешто што мора да го имате во плакарот.

Фото: Pinterest

На прв поглед тие се супер елегантни, совршени за на работа и за било која друга пригода, нормално, со умерен шлиц кој нема да изгледа вулгарно.

Фото: Pinterest

Истите суптилно ги откриваат нозете, а во комбинација со вистинските чевли ќе изгледате подобро од кога и да е.

Правила за комбинирање на овие здолништа нема, можете да ја носите со широки лежерни блузи, тесни кошули, маички на куси ракави, елегантни палта и што уште не.

Секако, внимателно одбирајте ги и модните детали со кои ќе ја украсите комбинацијата, бидејќи се подеднакво важни како и сите останати парчиња.

Во галеријата погледнете неколку разни парчиња и набавете си едно уште денеска.

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
26 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.044 пати