Белиот капут е еден од оние трендови што се константа секоја зимска сезона. Впечатливи се, честопати се имплементираат во изгледот за да добие елегантна нота, асоцираат на софистицираност, чистина, снег, зима.
Откако Меган Маркл одлучи да се појави во бел капут при објавувањето на свршувачката со принцот Хари, ова парче доби уште поголема популарност.
Сепак, актерката не е единствената позната личност што сезонава се одлучила за бел капут. И Меланија Трамп неодамна носеше бел елегантен капут, со ремен на половината.
Меланија Трамп/ Џенифер Лопез
Кејт Мидлтон / Роси Ханингтон Вајт
Во ова трендовско парче беа забележани и Селена Гомез, Џенифер Лопез, Кејт Мидлтон, Бела Хадид и други ѕвезди, а и модните куќи го со задоволство го вментаа во есенските и зимски колекции („Оскар де ла Рента“, „Версаче“, „Делпозо“, „Балман“...) со што уште еднаш се потврди дека се работи за моден класик.
Ние во продолжение ќе ви презентираме неколку примери од уличната мода за тоа како можете да го искомбинирате, а соодветно на вашиот моден и естетски сензибилитет:
Бела Хадид/ Карли Клос
Рита Ора / Селена Гомез
фото извор: pinterest.com; vogue.com; stylecaster.com;