Зимска мода од улиците на Загреб

18 февруари 2023

Улиците на Загреб, како модна писта. Дотерани, модерни и насмеани загребчани секојдневно го збогатуваат урбаниот дух на градот, најавтентично препознаен токму преку уличната мода.

Балансот меќу индивидуалниот имиџ и актуелните тенденции го даваат главниот моден белег, оваа сезона обоен претежно во неутрални, земјени тонови. Сепак, стилскиот диверзитет е она што загребската улична мода ја прави посебно возбудлива, како и тоа што модните трендови не се прифаќаат „здраво за готово", туку секој од нив си создава своја персонализирана стилска приказна.

На Инстаграм профилот @street_stylezagreb од секој аспект е доловена автентичноста на зимската мода на улиците на хрватската престолнина.

Фото: @street_stylezagreb

 

Објавено:
18 февруари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.459 пати