Една од светски најпознатите, а и најбогатите српски модни блогерки со адреса во Лондон и Париз, Тамара Калиниќ, е секогаш инспиративна со својот имиџ и служи како пример како актуелните трендови да ги прилагодите на сопствениот стил.
Низ годините, таа успешно транзитираше од светот на фармацијата во модната индустрија и се изгради како моден лик во кој многумина препознаваат инспирација, мотивација, модна муза и дама со карактерен стил.
Успеа да влезе и во друштвото на највлијателни инфлуенсери за 2019 година, а нејзините професонални соработки честопати се со светски познати брендови.
Сосема доволно причини, да направиме виртуелна тура на нејзиниот Инстаграм профил што го следат речиси еден милион следбеници и да издвоиме неколку одлични зимски комбинации што важат за тренд оваа сезона.
Фото: Инстаграм