Зимски моден погодок: Плетени фустани во канцеларија

20 декември 2023

Едно од парчињата облека што ги сакаме во зима се плетените фустани токму поради нивната елеганција, комоција и толината што ни ја даваат.

А кога ќе ги искомбинираме со омилените чизми и капут е тогаш самодовербата е пуштена на најјако.

Во исто време добиваме деловен и стилски аутфит нагласувајќи ја нашата женственост.

Макси плетените фустани се избор број еден, а должината може да варира во однос на вкусот и работниот дрес код.

Можеме да додадеме и тренди хулахопки и со тоа го подигнуваме стајлингот на едно повисоко ниво.

Монохроматските комбинации се доминантни, односно крем нијансите, црната и сивата боја.

Затоа нашиот мал фото водич е секогаш тука за дополнителна инспирација.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alex Riviere-Sieber (ariviere)

 Фото: Pinterest, Instagram

Објавено:
20 декември 2023
Категорија: 
Тренд