Таа е дефинитивно една од најубавите и најуспешни актерки на денешницата, а нејзиниот стил е нешто поради што дополнително ја обожуваме.
Прекрасната Зое Кравиц последно се појави во неодолив фустан со точки на гала настан одржан во Лос Анџелес.
Таа беше вистинско олицетворение на класика и софистицираност во фустанот со елегантен крој, но доволно тренди да биде хит на сезонава.
Фустанот е со макси должина и неодоливо деколте со спуштени рамена што го прави уште поубав и суптилно секси.
По површината целиот фустан има бисери што го прави безвременски и парче кое можете да го носите во секое време на свечени пригоди.
Иако во црна боја, актерката фустанот го комбинираше со сандали во темно сина боја и чантичка во иста нијанса. На комбинацијата додаде бели бисерни обетки и лента слична на фустанот со која косата ѝ беше собрана во лабаво репче.
Извор: Elle.rs
Фото: Red Carpet Fashion Awards, Celebmafia