10 минути за рамен стомак: Фитнес инструкторка покажа кои вежби се најефикасни

28 јуни 2021

Клои Тинг е позната фитнес инструкторка, чие видео од 18 вежби за стомачни мускули стана ултра популарно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chloe Ting (@chloe_t)

 

А во тоа помогнаа фотографиите од луѓето кои го прифатиле овој нејзин предизвик.

Имено, секоја од вежбите се изведува 15 до 30 секунди со одмори. 

Се' што ви треба е подлога за вежбање и тегче.

Инаку, Клои пред да создаде кариера како фитнес инструкторка и да стекне популарност на социјалните медиуми, работела како во една корпорација за статистика. Денес ја следат повеќе од три милиони луѓе на Инстаграм, а нејзиниот јутјуб канал е шести по гледаност во Австралија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chloe Ting (@chloe_t)

 

Таа советува дека пред да почнете со било кој тренинг првин да се загреете, за да го опуштите телото, посебно ако сте седеле цел ден.

„Нема да добиете стомачни, нема да го обликувате бицепсот или задникот после едно или две видеа, или пак за недела, две, три... бидејќи сите сме различни. Многу пати објаснував дека за се' е потребно време, многу вежба и немојте да мислите дека едно видео ќе резултира со магија. Не сум медицински експерт и она што го споделувам на својот канал се моите ставови и она што ми помогна. Вашето здравје и сигурност се од најголема важност. Откријте што најмногу му одговара на вашето тело и бидете упорни“, вели инструкторката, посочувајќи дека секој во денот може да издвои 10-тина минути за да направи нешто добро за себе.

Па ако ви беше потребна мотивација за вежбање, изгледот на Клои, луѓето што ја следат, но и овие вежби се и повеќе од доволни да ја започнете вашата трансформација денес.

 

Објавено:
28 јуни 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
7.342 пати