Основата на секој успешен бизнис се задоволните клиенти. Кога ја имате нивната доверба, прогресот е загарантиран. Ова златно правило важи за секоја бизнис сфера, а ние денеска ќе се насочиме кон соствениците на фризерски и козметички салони.
Како да одговорите на сите предизвици и успешно да се позиционирате на пазарот? Кои се есенцијалните карактеристики на еден успешен салон за убавина и како да ги примените во вашиот пример? Зошто е клучно да комуницирате со клиентите и тие да станат дел од вашето семејство?
Благодарение на своето долгогодишно искуство во полето на убавината, нашите пријатели Premium Professional, компанија за професионална опрема за фризерски и козметички салони, издвојува пет клучни совети што задолжително треба да ги знаете и применувате доколку сте сопственик или менаџирате со салон за убавина.
1.Поставете одлична комуникациска релација со вашите клиенти
-Кои се вашите клиенти? Кои се нивните барања и очекувања? Имаат ли претходни негативни искуства? Како да се подобри корисничкото искуство? Ова се само дел од прашањата чии одговори се клучни во поставувањето здрава комуникација со вашите клиенти. Грижата за нив ќе изгради лојален однос. Со оглед на сферата во која функционирате, значајно е да сте во тек со нивната здравствена состојба, консултирајте се дали се алергични на некои состојки или кои се нивните прироитети што вие може да им ги обезбедите како услуга. Поставете сигурна база на клиенти, професионално одговорете на нивните потреби и кругот на вашето семејство ќе се шири.
2. Квалитетната опрема и потрошен материјал се клучни
-Како да ги задржите постоечките клиенти? И како перманентно да ја надоградувате базата? Одговорот е прецизен: Со квалитетна услуга и исклучително професионална опрема и потрошен материјал за фризерски и козметички салони. Во овој сегмент не постои простор за импровизација. Кога на вашите клиенти ќе им понудите врвен квалитет и ќе создадете навика што да очекуваат од вас, тогаш таквото ниво треба само да го надградувате, а никако да се враќате чекор назад. Голем дел од клиентите доаѓаат кај вас поради конкретни причини, на пример затоа што користите розов восок или златни ролони за депилација. И затоа што се сигурни дека редовно сте снабдени со потрошен материјал и никогаш нема залудно да си го изгубат своето време кога ќе дојдат кај вас. Затоа, заслужено посветете внимание на изборот на професионална опрема и потрошен материјал.
3. Бидете во тек со сите новости во вашата сфера
-Највредното нешто е информацијата. Секогаш бидете во тек со сите иновации и новости во вашето поле на делување. Бидете самоиницијативни во овој дел и не чекајте некој да ви ја достави информацијата, туку побарајте ја вие. Следете што се случува во светот и најдете оптимален начин како тоа да го прилагодите на нашиот пазар. Тоа ќе ве издвои од конкуренцијата, а на вашите клиенти секогаш ќе им понудите опција плус. Посетувајте онлајн едукативни вебинари, следете докажани професионалци на нивните социјални канали за комуникација, читајте и постојано вложувајте во вашите вештини и знаење.
4. Хигиена е правило број еден
-Колку и да звучи бизарно, оваа вонредна состојба на предизвици нѐ потсети дека хигиената е правило број еден. Еден од основните критериуми вклучен во квалитетната услуга на секој салон за убавина. Редовна промена на траката за кревет за секој клиент или пак на восокот за депилација, примена на квалитетни апарати за стерилизација, се конкретни примери што имаат сериозна улога во градењето на довербата кај клиентите. Актуелната ситуација наметна и дополнителни мерки што преминуваат во базични, а со цел одржување на високите хигиенски услови, како што е редовната дезинфекција на комплетната опрема и задолжително поседување на средства за дезинфекција.
5. Искористете ја моќта на онлајн комуникацијата
-Дигитализирајте се. Дигитализацијата веќе не е иднина, туку неопходна сегашност. Искористете ја моќта на онлајн комуникацијата и генерално на дигиталните алатки. Направете си онлајн планер за закажување на клиентите, комуницирајте со нив преку различните онлајн канали и бидете во тек со нивните барања и потреби. Доставете им e-mail со купон со попуст за лојалните клиенти и не заборавајте да им го честитате роденденот или празниците. Грижата за клиенти преку опциите што ги нуди онлајн комуникацијата е адут што ќе ви помогне да изградите уште поцврста релација. Исто така, нарачајте ги онлајн вашите неопходни алатки и материјали за работа, со што ќе заштедите време или пак доколку имате некоја нова услуга која сакате да им ја потенцирате на вашите клиенти, направете ефективна онлајн кампања со која јасно и прецизно ќе им посочите за проширувањето на вашиот асортиман на можности.