Овие методи помагаат да стекнете позитивен став кон животот, со цел постигнување успех и подобро здравје. Со позитивното размислување можете неуспехот да го претворите во успех, а голем број луѓе дури и несвесно ги користат техниките на позитивно размислување.
Секоја мисла и внатрешниот дијалог претставува афирмација. Со помош на позитивните изјави можеме да влијаеме на негативните размислувања и да ги замениме. Тоа е како некој да ви го „испрал мозокот”, само што разликата тука е што никој друг не одлучува за тоа, освен самите вие.
Дали афирмацијата функционира?
Не постои техника за личен развој која не користи афирмација. Со самиот факт дека сакате да се промените и да го заборавите минатото зад вас, вие сте го направиле првиот чекор. Со постојаното убедување влијаете на потсвеста која ќе биде принудена да ги прифати промените, а во спротивно таа ќе го одбере најлесниот начин – стари убедувања, без промени.
Најтешката фаза е кога сте исполнети со негативна енергија, а се обидувате да ја промените ситуацијата со позитивно размислување. Секој поминува низ овој период, а со постојаното убедување и желбата да се смените ќе дојдете до степен каде ќе почувствувате среќа, а кога вашиот ум инстиктивно тоа ќе го прифати,значи дека е вистина.
Афирмацијата е замена на нефункционалните негативни сфаќања, а промената настанува природно и лесно. Со текот на времето ќе почувстувате промени кон надворешниот свет, а доволно е неколку пати во текот на денот во себе да си повторувате одредена афирмација. Ние ќе ви понудиме неколку вида афирмации:
1. Афирмација за здравје – Секоја станица од модето тело е здрава и полна со енергија. Ги негувам своето тело, ум и душа. Моето тело се лекува брзо и лесно.
2. Афирмација за благосостојба – Што и да работам постигнувам благосостојба и знам дека тоа го заслужувам. Колку повеќе сум благодарен, толку повеќе причини имам за заблагодарување.
3. Афирмација за љубов – Знам дека заслужувам љубов и ја прифаќам. Давам љубов и таа ми се возвраќа дупло повеќе. Се радувам на љубовта секој нов ден.
4. Афирмација за љубовна врска – Имам прекрасен партнер и нашиот однос е среќен и мирен. Се ослободувам од очајот и дозволувам љубовта да ме пронајде.Привлекувам само здрави односи.
5. Афирмација за слабеење – Мојата телесна тежина е оптимална за мене. Свесно бирам здрави накиви. Одбирам да вежбам.
6. Афирмација за самодоверба – Како што верувам во себе, така верувам и во другите. Ги изразувам своите потреби и чувства. Јас сум уникатна личност – креативна, прекрасна и посебна.
7. Афирмација за среќа – Животот е радост, исполнет со прекрасни изненадувања. Мојот живот е среќа, исполнет со љубов,благосостојба и пријателство. Ги бирам љубовта, среќата и слободата, го отварам моето срце и дозволувам убавите работи да навлезат во мојот живот.