Шармантната „ит“ девојка Алекса Чанг уште во август годинава не израдува со веста дека ќе соработува со британскиот козметички бренд Eyeko, а сега можеме да ги видиме и првите резултати.
Меѓу нејзините први производи на пазарот беа прекрасниот течен ајлајнер Eye Do и маскарата од истата линија.

„Водоотпорноста на шминката за очи ми беше исклучително важна, затоа што таму каде што јас живеам, постојано паѓа дожд“, вели Алекса, додавајќи дека таа се шминка наутро и се надева дека шминката цел ден ќе остане на нејзиното лице.
Ајлајнерот од нејзината линија е многу лесен за користење, бидејќи истиот е налик на фломастер.
Пакувањето на колекцијата шминки исто така е многу забавно, за што манекенката долго време размислувала.

„Ги обожавам сините нијанси и истите морав некако да ги искористам. Пакувањето на шминките е многу класично, но со примесите на поп – арт што се дел од истото и со мојот потпис, сето тоа изгледа многу убаво“, вели Чанг.
Првата колекција шминки на манекенката ќе се најде во продажба во лондонската стоковна куќа Selfridges на 14 ноември.
