Алекса Чанг ви ги претставува новите лакови за нокти со екстракт од кељ!

17 јули 2014

Прекрасната Алекса Чанг не престанува да нѐ изненадува со нејзините ѕвездени соработки со некои од најпознатите брендови во светот. Последна во низата е соработката со британската козметичка компанија Nails Inc. во која брендот вклучи шест различни, одлични нијанси.

Со оглед на тоа што целата колекција лакови е инспирирана од манекенката, токму таа е и лицето што ги рекламира сите нијанси. Она што е особено интересно е тоа што лаковите се тотално природни и во истите е вклучен здрав екстракт од кељ.

Лаковите дополнително ги хидрираат и потхрануваат ноктите, а покрај тоа, сите нијанси изгледаат навистина шик и тренди.

Британската манекенка беше прогласена за заштитно лице на компанијата уште во Мај, кога беше ангажирана на местото на нејзината пријателка и колешка Попи Делевињ.

Колекцијата лакови ќе биде промовирана и лансирана ширум продавниците следниот месец, а според нивната досегашна популарност, на штандовите се очекува „стампедо“ од девојки.

aleksa-chang-02

Токму оваа колекција лакови во која во голема мера се наоѓа неверојатно здравиот екстракт од кељ, уште еднаш говори за одличните придобивки од овој магичен зеленчук и зошто истиот е обожуван од голем број светски модели како Миранда Кер и Роси Хантингтон Вајтли.

Објавено:
17 јули 2014
Категорија: 
Убавина