Белите веѓи се смели, авантагардни и не остануваат незабележани.
Како мејкап тренд деновите се повторно актуелни, но пред да ги видиме моделите на светските писти и модните инфлуенсерки, еден бренд беше во тренд и пред времето.
ЕЛЕНА ЛУКА уште во 2013 кога ја претстави својата пролет/лето колекција Далга, покрај маестралните креации актуелизираше бели веѓи како мејкап тренд.
Нашиот познат бренд пред 10 години храбро и пионерски истапи на модната сцена, што беше дочекано со восхит и секоја почит за смелиот исчекор во изгледот на моделите.
Визионерски секогаш напред, тоа е ЕЛЕНА ЛУКА, со извонредна изведба и одлична презентација на добрите идеи.
А кога сме кај белите веѓи, повторно, дел од познатите светски и регионални ликови неодамна повторно ги актуелизираа. Помеѓу нив е и балканската ѕвезда Јелена Карлеуша која го присвои овој изглед.
А еве како изгледаше мајкапот на ЕЛЕНА ЛУКА моделите, кои ја презентираа колекцијата Далга пред една деценија.