Бидете модерни и покрај високите температури

24 јуни 2013

Освен изборот на гардероба, шминка и изборот на фризурата може да биде еден од проблемите, особено ако морате да шетате во периодите од денот кога преовладуваат најголеми жештини. Вистинското прашање е кои фризури да ги одбереме, а сепак да бидеме во тренд?

 

 

Марамите се едно од решенијата. Косата носете ја врзана во турбан. Ова е најдобра летна фризура, вашата глава не се поти, заштитена е од сонцето, а е и неверојатно модерна.

 

 

Освен со марами косата можете да ја соберете и во плетенка. Најпрактични се секако оние плетенки кои ја собираат целата коса. Начинот и формата не се важни, она што е важно е вашата креативност и стил. Погледнете ги туторијалите на интернет и одберете ја онаа фризура која вам најдобро ви прилега.

 

 

Третата опција која е и најпрактична е да ја соберете косата во балеринска пунџа. Можете да ја украсите со некоја шнола или стегач, можете да ја носите разбушавена со некоја плетенка од страна, спуштена или крената. Примери има многу, а одлуката е ваша.

 

 

 

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Убавина