Бизарни начини за разубавување

31 јули 2013

Ние ќе ви претставиме 12 начини за разубавување, односно третмани кои ги користат познатите ѕвезди како што се Мадона, Ева Лонгорија, Викторија Бекам, Кејт Мидлтон, Џенифер Лопез и многу други. Вистинското прашање е колку сте спремни да истрпите за да бидете убави?

Педикир со риби

Во салоните за разубавување и бањите постои аквариум со стотици мали риби кои се користат за правење педикир, односно ги отстрануваат мртвите клетки од нозете. Но заради негихиенски причини, како што е нечистата вода, веќе на многу места во светот се забранува ваквиот третман.

Змиски отров

Доколку сте спремни да ризикувате и да го ставите вашиот живот на коцка се по цена за убавина, тогаш ви го препорачуваме змискиот отров кој ги умртвува мускулите на лицето со цел спречување на создавање на брчки. Змискиот отров има појак ефект од ботоксот.

Отров од пчела

Доколку змискиот отров ви изгледа како голем чекор за почеток, тогаш пробајте го отровот од пчели кој исто така се користи против создавање на брчки, а овој третман го користеше Кејт Мидлтон пред да стапи во брак.

Вампирски третман за лице

Бизарниот третман се состои со вадење на крв од телото, а потоа истата се нанесува на лицето со цел одржување на младешки изглед.  Од познатите овој третман го проба Ким Кардашијан, која не заборави фотографијата да ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи.

Третман со микро игли

Доколку имате поголема толеранција кон болката тогаш пробајте го овој третман кој се состои од стотина игли кои се ставаат на вашето лице. Ефектот е добивање на младешки изглед.

Пијавици

Пијавиците се користат за вшмукување на крвта од вашето лице за да истото изгледа сјајно и без брчки. Деми Мур обидувајќи се да ги прекине гласините за пластичните операции истакна дека го користела овој третман, а пијавиците ги нарекла – „високо обучени медицински пијавици“.

Измет од кит

Дали знаете дека голем дел од производите за нега во себе содржат измет од кит? Тој се користи кај парфемите и во препаратите за нега на кожата со цел да се спречи прераното испарување на мирисот.

Слуз од полжави

Трендот кој прво владееше во Јужна Кореја, сега се прошири и во САД. Препаратите кои во себе содржат слуз од полжави се добри за отстранување на пеѓи, флеки, лузни и брчки.

Плацента од свиња

Плацентата која се исфрла од телото по породувањето е полна со крв и други течности кои во себе содржат витамини и хранливи материи, па Јапонците чекаат во редици за да ја испијат оваа течност која се верува дека е еликсир за младост.

Масажа со свинска плацента

Понекогаш пиењето на течноста не е доволно, а тоа најдобро го знаат Мадона, Џенифер Лопез и Ева Лонгорија.

Мравја киселина

Ова е одличен третман за оние кои имаат мрсна кожа, а го потикнува и метаболизамот. Но дали би издржале илјадници мравки да лазат по вашето лице?

Птичји измет

Еден од најчудните третмани кој е познат во Јапонија е третманот за лице со птичји измет. Викторија Бекам го практикува овој третман со цел постигнување порцелански тен. Изметот е стерилизиран и во прав.

Објавено:
31 јули 2013
Категорија: 
Убавина