Бразилско фенирање - Секси фризура која мажите ја обожаваат

8 мај 2013

Овој третман е толку многу популарен што не само што ја доведува косата од немирни таласи до перфектно исправување, туку и влијае и на решавање на проблемот со оштетена коса.Ова бразилско фенирање се состои од повеќе фази и трае околу два часа во зависност од густината и должината на косата. На почетокот секако се почнува со советување од страна на вашиот фризер како и препораки кој е најдобриот можен начин на кој ова фенирање би било направено на беспрекорен начин.Најпрво следи миење на косата со употреба на шампон кој во својот состав нема супстанци на сулфат, при што следи делумно сушење, па потоа главниот дел од задачата.

Фризерот на косата нанесува наномлекуларен кератин, притоа поминувајќи ја со специјално наменета пегла или таканаречена преса на висока температура, и потоа повторно нанесувајќи уште еден слој од наномолекуларниот кератин, кој и дава уште поголем сјај на косата. На овој начин се создава заштитен протеински слој околу самото влакно, а благодарејќи на кератинскиот третман косата ја добива потребната влага и блескавост, притоа делувајќи здраво. Потоа следната фаза е фенирањето како и завршната фаза на повторно пеглање, на начин на кој врвовите на косата би биле совршено исправени.

Еден ваков третман е доволен за временскиот период од 3 до 9 месеци, во зависност од квалитетот на влакното и оштетеноста на косата. По овој третман без разлика колку ја миете вашата коса, таа постојано ќе биде совршено права со мала помош од страна на фенот. Овој бразилски третман воедно се препорачува и на сите останати типови на коса како фарбана, оштетена, коса со тенко влакно, остро и сл., притоа за оние кои се склони кон фарбање на својата коса, препорачливо е да почекаат 14 дена, од денот на третманот.

По овој третман косата не смее да се мие во наредните 72 часа, а доколку посакувате кератинот што е можно подолго да се задржи како благотворно дејство на вашата коса, во тој случај избегнувајте ги веќе наведените шампони кои во својот состав содржат сулфат, како и контактот на вашата коса со водата од базените, или морската вода, бидејќи хлорот и солта го неутрализираат дејството на третманот.

Објавено:
8 мај 2013
Категорија: 
Убавина