Кога станува збор за добар маркетинг Chanel знае како тоа се прави. Имено, модната куќа ќе "запоседне" ресторан во Њујорк каде што на интересен начин ќе го промовира легендарниот парфем Chanel Chance.
Целиот објект ќе биде во зелени и розови нијанси, препознатливите бои на самиот парфем, а насекаде ќе има шишенца со истиот.
Наместо јадење, менито ќе започне со мирисно патување. Гостите ќе добијат еден вид на персонализирано искуство по кое ќе дознаат која верзија на Chance парфем е за нив.
Потоа ќе бидат повикани во друга просторија каде ќе можат да освојат и подароци од автомат.
Сепак храната нема да изостане. Посетителите ќе можат да се послужат со канапеи, сладолед и разни пијалоци.
Модната куќа прилично многу вложува во маркетингот, па така неодамна имаа и поп ап ресторан во Ровињ, мал поп ап бутик на Миконос и во Источен Хемптон.
View this post on Instagram