Дневна доза смути: Свеж напиток за разубавување на кожата!

27 јуни 2015

Оваа сабота разбудете се со едно неверојатно вкусно смути чии состојки дополнително ќе ви ја разубават кожата! Како и сите останати што досега ви ги презентиравме, така и ова смути се прави многу едноставно и за кратко време.

Потребно:

• Една голема лажица ленено семе

• Едно авокадо

• Половина шолја малини

• Половина шолја капини

• Една шолја цреши

• Една шолја јогурт

• Мраз по желба

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во вашиот омилен Nutribullet и добро измешајте ги! Совет плус – Малините се богати со бројни растителни хранливи материи, витамини и минерали кои се есенцијални за одржување на доброто здравје, затоа никогаш не избегнувајте ги. Сите состојки во ова смути на неверојатен начин ќе ја измазнат вашата кожа и ќе направат да сјае!

Објавено:
27 јуни 2015
Категорија: 
Убавина