Веќе е научно докажано дека опавчето е најбрзата и воедно наједноставна фризура на сите времиња која е омилена кај девојките поради тоа што е супер стилска.

Истата се прави за многу кратко време, а ќе ви даде елегантен и неодолив изглед за секоја пригода.

Можете да ја комбинирате во секојдневните стајлинзи, без разлика дали одите на работа или пак присуствувате на некој свечен настан.

Оваа пролет, едноставното опавче добива уште повеќе варијанти кои ние едноставно ги обожаваме.

Нашата омилена варијанта од сите е дефинитивно онаа на Оливија Вајлд која се прави за многу кратко време, а за истата ви се потребни само неколку ластичиња во неутрална боја.

Подеднакво посакувани се и „залижаните“ опавчиња фатени високо на главата, кои ѝ даваат доза на гламур на секоја комбинација.

Во галеријата погоре, погледнете ги сите нови варијанти на омиленото опавче.

Објавено:
19 мај 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.015 пати