Џеј Ло се соблече гола за 53-от роденден

25 јули 2022

Џенифер Лопез вчера наполни 53 години. Роденденот го искористи како добар повод за да ја промовира нејзината нова козметичка линија за тело „JLo Body by JLo Beauty", соблекувајќи се целосно гола.

Видеото од промотивната кампања за Firm + Flaunt, крема за тело која воедно е и првиот производ од новата козметичка линија, го објави на нејзиниот Инстаграм профил и очекувано предизвика лавина од реакции.

„Сите најчесто посветуваме внимание и нега на лицето, но го занемаруваме телото. Ми беше важно да создадам рутина за нега на кожата на телото што ќе одговори на нејзините специфични и уникатни потреби. Денеска ми е роденден и ви ја подарувам специјалната Firm + Flaunt крема", напиша светската ѕвезда под промотивното видео објавено на нејзиниот Инстаграм профил.

На промотивната кампања Џеј Ло изгледа безмалку совршено или попрецизно кажано нереално, затоа што покрај ефектот од кремата, очигледен е и ефектот од постпродукциските обработки на фотографиите и видеата.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Објавено:
25 јули 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.741 пати
Тагови: 
Џенифер Лопез