Џенифер Лопез ја откри тајната на виткото тело!

16 март 2015

Дека Џенифер Лопез изгледа одлично и во 45 – тата се уверуваме речиси секој ден! Во нејзиното гостување во емисијата на Доктор Оз таа конечно открива некои од нејзините тајни на виткото тело, меѓу кои и пиењето вода секојдневно.

Покрај водата, здравите напитоци што таа самата си ги подготвува секое утро, е она што особено ја одржува во форма.

Во интервјуто во емисијата на Доктор Оз таа говори и за предностите на редовното вежбање, но ќе каже и дека дефинитивно позитивните мисли се исклучително важни за добрата форма на целото тело.

Ексклузивно, во емисијата таа го откри и нејзиниот рецепт за омиленото смуди со кое речиси секогаш го започнува нејзиниот исполнет ден. Истото е совршено лесно и воопшто не наликува на оние останатите чии состојки е исклучително тешко да се најдат.

Во продолжение, ви го пренесуваме рецептот, а целосното интервју на единствената Џенифер Лопез можете да го погледнете на следниот линк.

*Омиленото смуди на Џенифер Лопез

-Три шолји јагоди

-Една шолја боровинки

-Една шолја малини

-Една шолја грчки јогурт

-Една лажица протеински прав со вкус на ванила

-Една лажица цимет

-Една лажица исцеден сок од лимон

-Малку лед

Сите овие состојки ставете ги во вашиот блендер и мешајте ги додека смесата не стане хомологена и кремаста, а по желба додадете и малку мед.

Одличен доручек за старт на денот!

Објавено:
16 март 2015
Категорија: 
Убавина