Беше само прашање на време кога мега ѕвездата Џенифер Лопез ќе лансира свој бренд за нега и убавина.
По неколкунеделните најави на социјалните мрежи, Џеј Ло вчера конечно го откри тајниот проект на кој работи веќе подолго време – козметичка линија со нејзин потпис насловена „J.Lo Beauty“.
Во описот на една од нејзините фотографии објавени на Инстаграм, Џенифер најави дека колекцијата наскоро ќе биде достапна за јавноста. На истата фотографија, поп ѕвездата е со комплетна шминка во бронзен сјај, што вклучува руменило, сенки за очи, сјај за усни и бронзер, а се разбира сите козметички продукти искористени за овој изглед се дел од нејзината прва линија за убавина.
Други детални информации за овој нов залет на Џеј Ло во бизнисот за убавина не се откриени, но земајќи ја предвид нејзината популарност и големите симпатии што ги ужива кај публиката од различни генерации, претпоставките се дека успехот е и повеќе од веројатен.