Ин е виолетовата нијанса за коса

11 март 2014

Ќерката на познатиот Ози Озборн доби сериозна конкуренција!  Две познати трендсетерки решија да го следат примерот на Кели и да направат драстична промена на бојата на косата. Прво Никол Ричи на Инстаграм објави фотографија на која косата и беше во виолетова нијнанса. Иако сликата беше исфотошопирана, позитивните коментари ја натераа да ја направи големата промена.

Паралелно со неа, бојата на косата ја промени и ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер - Аjрланд Болдвин која започна да гради кариера на модел. Младата ѕвезда следејќи го примерот на Ричи, ја објави фотографијата на Инстаграм, а ние не се сомневаме дека ваквиот тренд ќе ги освои симпатиите на голем број нивни фанови.

Објавено:
11 март 2014
Категорија: 
Убавина