Во летниот период едвај чекате да отидете на плажа и да го „фатите“ сонцето, но на крајот на денот сте бушави. Ви звучи познато?
Што се однесува до фризурите, косата и не оди со водата. Сепак, можете да имате супер фризура дури и ако косата ви е комплетно морка. Освен што се лесни за правење, овие фрузури одлично и изгледаат.
Внатрешна плетенка - Со оваа фризура на плажа ќе изгледа одлично. Плетенката е многу едноставна за правење, а најдоброто од се е тоа што откако ќе се исуши, косата ќе ви биде убава и кадрава.
Полукрената коса - Едноставно одделете два прамени од страните, преклопете ги и зацврстете со шарени шноли. Идеално за мокра коса и плажа.
Коса свиткана околу лента - Направете патец на средина, па околу главата ставете растеглива лента. Но, немојте да ја ставате под косата, како што тоа најчесто го правите. Наместо тоа, краевите на косата обвиткајте ги околу лентата и направите линија како на фотографијата.
Пунџа од плетенка - Ова е одлична фризура за долга коса. Поделете ја косата во три прамени. Од секој од нив направете плетенка, која потоа треба да ја „свиткате“ во пунџа. Зацврснете ги со шноли.
Неуредна пунџа - Од секоја страна одвојте по два прамена, свиткајте ги и зацврстете. Можете да ја оставите така косата да ви се исуши или пак да ја заврзете во опуштена пунџа.